Speeches Shim
КОНКУРС ЗА ИСТРАЖУВАЧКА СТОРИЈА ОРГАНИЗИРАН ОД БИРН, СКУП МАКЕДОНИЈА И ЦЕНТАРОТ ЗА ГРАЃАНСКИ КОМУНИКАЦИИ
Конкурсот е дел од „Проектот за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор“ дел од „Програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија“
Во рамките на овој повик најмалку пет (5) новинари ќе бидат избрани да работат на истражувачки стории.
Кандидатот сам треба да го развие и разработи предлогот за истражувачка сторија за конкурсот. Од кандидатот се очекува посветеност на истражувањето и остварување на сите обврски поврзани со истражувањето како што се контакти и состаноци со уредници, објавување на текстот на сајтот на БИРН, сајтот на СКУП Македонија, придржување до новинарските стандарди и етика и друго.
Кандидатите чија идеја ќе биде избрана од комисијата составена од искусни новинари и уредници ќе бидат обврзани покрај истражувачкиот текст да напишат уште најмалку еден текст во вид на анализа поврзана со истражувањето, или пак, блог за начинот на кој течело истражувањето, или продолжување на истражувањето за тоа што се случило по објавувањето на текстот.
Избраниот кандидат ќе има на располагање најмногу три месеци за да го заврши истражувањето и да ја подготви сторијата за објавување.
Предност во изборот ќе имаат кандидатите чии идеи за истражување ќе се совпаднат со некоја од следниве 10 теми кои во рамките на проектот низ дебата како приоритетни теми од поширок општествен интерес ги утврдија новинарите и претставниците на невладините организации:
1. КВАЛИТЕТ НА ЖИВОТ (Социјална правда, Права на потрошувачи, Животен стандард, Вработување)
2. ЗДРАВСТВО И ПРАВА НА ПАЦИЕНТИ
3. ЖИВОТНА СРЕДИНА
4. КУЛТУРНА ПОЛИТИКА
5. ОБРАЗОВАНИЕ И МЛАДИ (Квалитет на образование, Одлив на мозоци, Образование според потребите, Опфатеност)
6. ОПШТЕСТВЕНА ВКЛУЧЕНОСТ НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ ГРУПИ
7. ЧОВЕКОВИ ПРАВА (Судство, Родова еднаквост, Дискриминација, Слобода на говор)
8. ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ЕУ
9. ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ (Транспарентност и отчетност, Избори, Корупција, Јавна администрација, Квалитет на јавни услуги)
10. МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ (Мултикултурализам, Влијанието на економијата, Образование, Безбедност)
Паричниот надомест за трошоците за истражувачката сторија изнесува 550 долари (бруто износ) во денарска противвредност. Избраниот кандидат ќе потпише договор според кој половина од сумата ќе му биде исплатена на почеток, а втората половина по објавувањето на текстот.
Компјутер, интернет, телефон, печатач ќе им бидат обезбедени на избраните кандидати во канцеларијата на БИРН Македонија од каде ќе можат да го спроведуваат истражувањето.
Избраните кандидати ќе добијат примерок од книгата/водич за истражувачки новинари на Балканот „Под површината“ од Шила Коронел.
Кандидатите може да се пријават со повеќе предлози за истражувачки стории, но на еден кандидат може да му биде одобрен само еден предлог.
Право на пријавување на конкурсот имаат сите новинари во Македонија без разлика дали се вработени или не.
Кандидатите се обврзани заедно со формуларот за апликација да испратат кратка биографија, како и најмалку два примерока од нивната претходна работа на office.macedonia@birn.eu.com.
Краен рок за пријавување: 26 мај 2014.
Избраните кандидати ќе бидат известени најдоцна до 2 јуни 2014.
КЛИКНЕТЕ ЗА ДА ГО СИМНЕТЕ ФОРМУЛАРОТ
Comment
Make a general inquiry or suggest an improvement.