Speeches Shim
ШТО Е ПРОЕКТОТ ЗА ФАКТОРИНГ?
Проектот на УСАИД за факторинг, со буџет од $700,000, е нова, тригодишна активност насочена кон забрзување на развојот на малите и средни претпријатија (МСП) преку поголемо користење на финансиската услуга за факторинг. Тоа е финансиска трансакција во која еден бизнис продава побарувања со кредитна вредност (обично тоа е фактура), на фирма што врши финансиски услуги, со попуст кој генерално е еднаков на интересот плус трошоците за услугата. Факторингот може да го зголеми ефективниот обртен капитал и да го подобри текот на парите кај МСП со што ќе им се овозможи да се ангажираат кон нови договори и клиенти, да ги прошират своите пазари, да ги зголемат нивните конкурентски предности и да ја унапредат нивната сеопшта конкурентност.
КАКО ФУНКЦИОНИРА ОВОЈ ПРОЕКТ?
Овој проект се имплементира во партнерство со Фактор Труст, локална македонска компанија за факторинг. Проектот на УСАИД за факторинг работи на зголемување на свеста кај здруженијата на МСП за постоењето на факторингот како еден алтернативен финансиски производ, потоа, на зголемување на побарувачката за факторинг кај МСП, на подобрување на регулативите за употреба на факторинг, зголемување на знаењето и искуството кај финансиските менаџери на МСП, подобрување на разбирањето кај МСП за факторингот како финансиска алатка која може да генерира моментална и достапна ликвидност.
ШТО Е ПОСТИГНАТО ДОСЕГА?
- Проектот спроведе осум тркалезни маси со локални МСП во повеќе градови во Северна Македонија, вклучително и Штип, Кавадарци, Прилеп, Кичево, Велес и Скопје, со што се зголеми знаењето и разбирањеto на МСП за можностите за користење алтернативно финансирање.
- Повеќе од 350 МСП присуствуваа на информативни сесии и презентации за факторинг како алтернативен извор на финансии.
- Беше спроведена работилница за Здружението за внатрешни ревизори, за обука на претставници од правниот и регулаторниот сектор за правните аспекти во однос на користењето на факторингот.
- Потпишани писма за соработка со Стопанската комора на Северна Македонија, Академијата за судии и јавни обвинители и Центарот за развој на Вардарскиот плански регион за да обезбедат рамка за заедничка соработка, со цел да се подигне свеста за алтернативен пристап до финансии и подобрена поволна средина за МСП за да имаат полесен пристап до алтернативни финансиски решенија.
Comment
Make a general inquiry or suggest an improvement.