Country contact shim
Speeches Shim
About North Macedonia
УСАИД ја поддржува Македонија во напорите за зајакнување на демократските практики и институции, зголемување на економскиот развој и подобрување на квалитетот на образованието.
Поддршката за демократија е концентрирана на зајакнување на независноста, транспарентноста и професионалноста на судскиот систем и подобрување на парламентарниот надзор. УСАИД исто така им помага на граѓаните да го зголемат ефективниот надзор над нивната влада преку граѓанска вклученост и со промовирање на независни и легитимни медиуми.
Програмата за економски раст се концентрира на подобрување на деловната средина и зголемувањето на конкурентноста на малите и средни претпријатија во сектори со потенцијален раст и можност за отворање на нови работни места.
УСАИД работи со Министерството за образование со цел да им овозможи на младите знаења и вештини кои го зајакнуваат економскиот раст и го зголемуваат разбирањето на разликите кое е неопходно во едно мултиетничко општество. Агенцијата исто така се стреми на сите деца да им обезбеди еднаков пристап до образованието.
Comment
Make a general inquiry or suggest an improvement.