ВЛАДАТА НА САД ОБЕЗБЕДИ 16 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА АНТИ-КОРУПЦИЈА, ИНИЦИЈАТИВИ ЗА МЛАДИ И ЕКОНОМСКА КОНКУРЕНТНОСТ

Press Release Shim

Speeches Shim

Претставникот на Канцеларијата на УСАИД, Ерик Јановски и Министерката за финансии Нина Ангеловска потпишаа билатерален договор за соработка
Претставникот на Канцеларијата на УСАИД, Ерик Јановски и Министерката за финансии Нина Ангеловска потпишаа билатерален договор за соработка
USAID North Macedonia

За итна објава

четврток , 14 May, 2020
Biljana Velichkovska-Georgievska

СКОПЈЕ – 14 мај, 2020 – Денеска американската амбасада соопшти дека обезбеди 16 милиони американски долари за Северна Македонија наменети за намалување на корупцијата, подобро интегрирање на младите во општеството и зголемување на економската конкурентност. Претставникот на Канцеларијата на УСАИД Ерик Јановски и министерката за финансии Нина Ангеловска го потпишаа договорот преку кој ќе се поддржат:

  • активности на централната и локалната власт за искористување и успешно управување со финансиските ресурси и спроведување на механизми за отчетност;
  • работата на Државната изборна комисија да спроведе слободни и фер избори и да го следи финансирањето и трошењето на политичките партии за време на изборите;
  • граѓанските организации за да се вклучат конструктивно во јавните политики и практики за поголема отчетност и владеење на правото;
  • Министерството за образование и наука за да промовира меѓуетничка кохезија и граѓанска култура кај децата и младите; и
  • законската рамка за производство на обновлива енергија, за да помогне да се зголемат инвестициите во домашно производство на електрична енергија, да се намали зависноста од увоз на енергија и да се овозможи одржлив енергетски систем.

„Нашата заедничка цел е просперитетна, инклузивна и самоодржлива Северна Македонија“, рече амбасадорката Кејт Мари Бирнз. „Со борба против корупцијата, создавање можности за младите и поддршка на економскиот развој, ние се обидуваме да и помогнеме на Северна Македонија да го постигне својот потенцијал како просперитетна европска земја целосно интегрирана во трансатлантските институции“.

“Го цениме проширувањето на партнерството со Соединетите Американски Држави и залагањето за постигнување заеднички цели “, изјави министерката Ангеловска.

„Овој договор е доказ за нашетопартнерство, сега и од позицијата на НАТО созјузници.

Оваа соработка за нас е од големо значење, особено во новото глобално окружување креирано од Covid-19 на кое треба да одговориме и да продолжиме со прогресот и нашиот пат кон Европската Унија”.

Соединетите Американски Држави имаат инвестирано повеќе од 1,2 милијарди американски долари во Северна Македонија од 1993 година до сега, вклучително и над 830 милиони американски долари преку УСАИД.

УСАИД е водечка меѓународна агенција за развој во светот и двигател кој води до развојни постигнувања. Работата на УСАИД ја унапредува националната безбедност и економскиот просперитет на САД, ја отсликува американската великодушност и на земјите со кои соработува им помага на патот до самостоен и стабилен развој. За повеќе информации посетете ја нашата веб-страница https://www.usaid.gov/north-macedonia и следете нѐ на Твитер и Фејсбук.