Speeches Shim
Во партнерство со локални организации, училишта и локални заедници, УСАИД во Северна Македонија ја унапредува социјалната инклузија, меѓу-етничката хармонија и граѓанските вредности.
ПРОЕКТНИ ОБЛАСТИ
МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА
УСАИД работи со власта на централно и локално ниво, со сите основни и средни училишта, со учениците, наставниците, родителите и локалните лидери за создавање можности за соработка помеѓу училиштата и поттикнување на меѓуетничката кохезија помеѓу младите; градење на капацитетите на наставниците од предучилишна и редовна училишна настава, инспекторите од Државниот просветен инспекторат, советниците од Бирото за развој на образование и студентите од педагошките факултети со фокус на мултикултурно интегрирано образование; организирање на заеднички наставни и вон-училишни активности за учениците, родителите и членовите од етнички мешаните заедници; соработка со медиумите за да ја нагласат позитивната улога што младите со различно потекло ја имаат работејќи заедно за надминување на предизвиците во нивните заедници; поддршка на Министерството за образование и наука во ревидирање на наставната програма и наставните практики по граѓанско образование и поголема вклученост на учениците во работата на училиштата и животот во заедницата, промовирајќи го нивниот придонес при донесувањето одлуки во нивните училишта и општини и реновирање училишта врз основа на потребите но и постигнувањата на учениците на полето на етничка интеграција и развој на граѓанските вештини и вредности во училиштата и заедниците.
ИНКЛУЗИЈА НА СОЦИЈАЛНО МАРГИНАЛИЗИРАНИ ГРУПИ
За да се зголеми инклузијата на социјално маргинализираните групи, УСАИД помага да се развијат соодветни едукативни материјали за лицата со оштетен вид како и да се спроведе дијагностика на видот кај децата од предучилишна возраст. Понатаму обезбедува индивидуална поддршка и зајакнување на животните вештини на лицата со оштетен вид, вклучувајќи ги вештините за мобилност и подготвеност за работа; Исто така, УСАИД помага во градење на капацитетите на вработените во владините институции и граѓанските организации за заштита на човековите права на мигрантите и бегалците и олеснување на пристапот до правна помош, советување и азил.
Comment
Make a general inquiry or suggest an improvement.