Speeches Shim
СКОПЈЕ – Владата на Соединетите американски држави (САД) обезбеди 1,1 миллион американски долари за намалување на ширењето на COVID-19 во Северна Македонија. Преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), САД овие средтсва ги доделува на Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) за спроведување активности за поддршка на напорите на земјата да се справи со состојбата предизвикана од COVID-19.
ШТО Е ПРОЕКТОТ ЗА ПОДДРШКА НА ИЗБОРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА?
Финансиран преку Меѓународната фондација за изборни системи, овој тригодишен проект, во вредност од 1.7 милиони американски долари, има за цел да го зајакне управувањето со изборите во Македонија и да го поддржува градењето капацитети на Државната изборна комисија (ДИК) за спроведување на изборите.
Денес, 19 декември 2018 година, Телевизија Телма и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го одбележаа завршувањето на Проектот на УСАИД „Топ тема на ваша страна“. Телма ТВ и МЦМС на овој настан ги објавија и победниците на четвртиот и последен конкурс за граѓанско новинарство на проектот. Вршителот на должност амбасадор на САД во Македонија, Микаела Швајцер-Блум и главниот уредник на Телма ТВ Атанас Кировски се обратија на присутните и доделија признанија на десетте добитници на награди од четвртиот конкурс за граѓанско новинарство.
За да го одбележи меѓународниот ден за борба против корупција, денес Платформата на граѓански организации за борба против корупција, со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество организираше конференција на тема: „Итни реформски приоритети: Зајакнување на институционалната рамка во борбата против корупцијата. Има ли напредок?“ во хотел Александар Палас во Скопје.
Comment
Make a general inquiry or suggest an improvement.