ПАРТНЕРСТВА СПРЕЧУВААТ СЛАБОВИДНОСТ ПОМЕЃУ ДЕЦАТА ВО МАКЕДОНИЈА

Speeches Shim

Др. Билјана Костовска прави очен преглед со мобилната опрема
Др. Билјана Костовска прави очен преглед со мобилната опрема во Скопје
Проект за деца со пречки во видот

"Многу сум среќна што сум дел од оваа благородна мисија со моите колеги. Секогаш е забавно да се работи со деца, но да се биде во можност да им се помогне е многу добро чувство"

Ноември 2018 година - По осумчасовен работен ден на Клиниката за офталмологија во Систина во главниот град Скопје, д-р Билјана Костовска, волонтерски спроведува очни прегледи, како член на еден Лајонс клуб. Таа е една од најпознатите офталмолози во Македонија и лидер на 15 лекари кои волонтираат во спроведувањето бесплатни очни прегледи за деца меѓу 3-8 години.

Офталмолозите во Македонија ги повикуваат родителите да ги носат на преглед своите деца уште од три годишна возраст со цел рано да ги детектираат симптомите и подоцна да ги спречат сериозните проблеми со видот. Во текот на изминатите три години, д-р Костовска и нејзините колеги прегледаа над 27.575 деца а 18% беа упатени на доплонителни испитувања за очите.

Овие активности се резултат на партнерството меѓу УСАИД, Меѓународната фондација Лајонс Клуб и Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје, со цел зголемување на квалитетот и достапноста на образовните услуги за учениците со оштетен вид. Една од главните цели на партнерството е откривање и спречување на болести на очите во рана фаза. Освен мобилните клиники, Меѓународната фондација Лајонс Клуб финансирше набавка на 15 преносливи рефрактометри за очи, кои за прв пат овозможија очни скрининзи во детските градинки низ Македонија.

Универзитетот на Југоисточна Европа, исто така, соработуваше со македонското Министерство за здравство за законски да ги воведе очните прегледи за децата од нивните матични лекари и Клиниката за офталмологија во Систина, водечка болница за очни болести во Скопје, да спроведе бесплатни прегледи за деца кои биле упатени на дополнителни прегледи. Благодарение на соработката со Клиниката за офталмологија во Систина, над 2,000 деца добија бесплатни сеопфатни испитувања и интервенции на очите во вредност од 54,000 долари.

"Многу сум среќна што сум дел од оваа благородна мисија со моите колеги. Секогаш е забавно да се работи со деца, но да се биде во можност да им се помогне е многу добро чувство", вели д-р Костовска. За време на Националната конвенција на Меѓународната фондација Лајонс Клуб во 2016 година,  д-р Костовска беше наградена со Меѓународен медал за лидерство за огромен придонес за децата со оштетен вид. На овогодинешниот Европски конгрес за очи, таа беше избрана да презентира истражувачки труд за аномалии на очите кај децата во Македонија, базиран на сознанијата и резултатите добиени од спроведените очни прегледи преку овој проект.

Овие заеднички напори на волонтерите офталмолози, Клиниката за офталмологија во Систина, Министерството за здравство, Лајонс клубовите и УСАИД создаваат системски и одржливи промени во раното откривање, но и лекувањето на очните болести во Македонија.