Поддршка на претприемничкото образование во Европа и Евроазија

Speeches Shim

ШТО ПРЕТСТАВУВА ПРОЕКТОТ ЗА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИЧКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ЕВРОПА И ЕВРОАЗИЈА?

Започнат во октомври 2017, проектот за поддршка на претприемничкото образование во Европа и Евроазија, спроведуван од страна на Џуниор Ачивмент Европа, има за цел е да ги инспирира и подготви младите луѓе да успеат во глобалната економија, преку развивање и спроведување на програми за претприемничко образование, финансиска писменост и креирање нови работни места. Проектот соработува со средношколци, студенти, наставници, родители и други  организации, бизнис секторот, финансиски институци и водечки фирми кои сакаат да го поддржат претприемничкото образование во Северна Македонија. Проектот ги поттикнува партнерствата помеѓу бизнисите и училиштата со цел да создаде генерација млади луѓе, инспирирани да применуваат иновативни пристапи и техники во нивните училишни активности и да бидат подготвени да се соочат со сите предизвици на идното работно место.

КАКО СЕ СПРОВЕДУВА?

  • Промовирање на претприемничото образование во средните гимназиски и стручни училишта, со акцент на Програмата на Џуниор Ачивмент за ученичка компанија, која им нуди на учениците на возраст 14-19 год. можност да создадат ученичка компанија, од идеја до реализација, за време на училишната година.
  • Мерење на влијанието врз младите, особено девојчињата, преку сертифицирање и препознавање на претприемничките вештини.
  • Давање можност на учениците за учество на национални и меѓународни натпревари, како и можност за стекнување со уникатен сертификат за претприемнички вештини ESP (Entrepreneurial Skills PassTM), кој вклучува ученици (14-19 години) кои се дел од порамата на Џуниор Ачивмент за ученичка компанија.
  • Организирање Иновативни кампови кои се фокусираат на одредени индустриски сектори со висок раст и ги предизвикува средношколците на 12 часовен натпревар во најдобра бизнис идеја.
  • Обучување на наставници да ги водат своите ученици низ програмата на Џуниор Ачивмент за ученичка компанија.

ШТО Е ПОСТИГНАТО ДО СЕГА?

  • Обучени и сертифицирани се 67 наставници од 37 средни училишта низ Северна Македонија, за менторство во програмата на Џуниор Ачивмнет за ученичка компанија, охрабрувајќи ги да се обидат, експериментираат и споделат дополнителни методи и техники, кои ги користат при предавање претприемништво за време на училишната година;
  • Вклучени 60 ученици од 10 средни училишта (гимназизски и стручни) низ Северна Македонија во имплементацијата на програмата за ученички компании на Џуниор Ачивмент;
  • Спроведен Иновативен камп кој овозможи 139 ученици (91 девојче и 48 момчиња) од 28 средни училишта од Крива Паланка, Куманово, Пробиштип, Битола, Охрид, Ресен, Валандово, Гевгелија, Прилеп, Кавадарци, Тетово, Велес, Берово, Струмица, Штип и Скопје да учествуваат во бизнис предизвик за енергетска ефикасност;
  • Организиран национален саем на кој 59 ученици имаа можност да се натпреваруваат на националниот натпревар на ученички компании;
  • Учество на победничката компанија на националниот натпревар на Европскиот натпревар на најдобри ученички компании, кој се одржа во Белград, Србија во јули, 2018 година.