Press Release Shim
Speeches Shim
За итна објава
Денес, 30 март, 2018, УСАИД беше домаќин на конференција за млади лидери на тема „Патот на Македонија од развој до самоодржливост” во кино Фросина - Младински културен центар (МКЦ) во Скопје. На полудневната конференција, учесниците имаа можност да ги слушнат инспиративните говори на едни од најуспешните млади македонски таленти, кои ја пренесуваа нивната лична приказна и успех како и панел дискусија за тоа „Што е потребно за да се биде успешен во Македонија?”. Конференцијата беше последна од низа активности на УСАИД Mакедонија за одбележување на 25 годишнината од работењето во Македонија.
Обраќајки им се на учесниците на конференцијата, претставникот на Канцеларијата на УСАИД во Македонија, Дејвид Атебери, рече: Ние (УСАИД) сме тука во улога на катализатор кој ги поставува основите за успехот на Македонија, но на крајот иднината на земјата е дефинирана од нејзината младина, нејзините граѓани, нејзините идни лидери. Предизвиците што ги преземате, изборите што ги правите и напорите што ги вложувате ќе определат колку бргу Македонија ќе стане земјата каква што посакувате да биде.
Ирена Чаушевска, соосновачка на бизнис академијата и акцелератор Њуменс , Дона Костуранова, извршна директорка на Младинскиот образовен форум, Сатки Исмаили, директор на основното училиште “Кирил и Методиј” од Тетово, Дороти Пачкова, основачка и извршна директорка на „Една прави”, Елена Кочоска , раководителка на програми во „Полио плус” и Сефер Селими, основач на здружението за унапредување на демократијата „Демокраси Лаб”, беа говорници на конференцијата додека Нина Ангеловска, соосновачка и генерална извршна директорка на „Групер”, Жарко Димитриоски, соосновач на агенцијата „1 на 1”, Ана Голејшка од „Ретвитни оброк” и Мерал Мусли Тајроска, амбасадорка и претставничка од Македонија на организацијата „Жени без граници” учествуваа како панелисти.
Завршувајќи ја конференцијата, амбасадорот на САД во Mакедонија, Џес. Л. Бејли додаде: Слушајќи ги приказните на говорниците денес, знам дека може да успееме. Она што ме интересира е што ќе случи со сите овие приказни за 10-15 години. Верувам дека едно е точно а тоа е дека на тој пат нашите две земји и нашите два народа ќе станат уште поблиски и посилни партнери. Верувам дека ќе продолжиме со овие дискусии, овие партнерства, како што вашата земја ќе стане посилна и се повеќе ќе се потпира на тоа што го има.
УСАИД покани стотина млади учесници на конференцијата за да слушнат примери за успешни стартапи, иницијативи од заедницата, социјални претпријатија и граѓански акции кои имаат позитивно влијание низ целата земја. УСАИД верува дека овие млади луѓе кои учествуваа во конференцијата ќе бидат идните претприемачи и лидери кои ќе ја водат Македонија на патот до самоодржливост.
Конференцијата беше пренесувана во живо на фејсбук страницата на УСАИД Македонија. Линк од снимката на конференцијата ќе биде достапен овде: https://www.facebook.com/USAIDMacedonia/videos/1635498589860229/
БЕЛЕШКА ЗАУРЕДНИЦИТЕ
Оваа година УСАИД ја оддбележува 25-годишнината од своето работење во Македонија. Американскиот народ преку УСАИД има инвестирано повеќе од 610 милиони долари во Македонија од 1993. УСАИД работи со граѓаните на Македонија за да создадат работни места, да ги зајакнат демократските институции и практики, да го подобрат интегрираното образование и да ги подготват учениците за современиот пазар на труд. Овие иницијативи, во партнерство со граѓаните на Македонија, имаат за цел да го подобрат квалитетот на живеење во земјата. За повеќе информации посетете ја нашата веб http://macedonia.usaid.gov и Facebook страница http://www.facebook.com/USAIDMacedonia
Comment
Make a general inquiry or suggest an improvement.