Speeches Shim
Националната Конвенција за Европската унија (ЕУ) во Република Северна Македонија е двегодишна активност со вкупен буџет од 222.280 американски долари, обезбедени од УСАИД и Агенцијата на Словачка за меѓународен развој. Оваа активност се спроведува во партнерство со Центарот за истражување на Асоцијацијата на Словачка за надворешна политика, и со локалната организација Европско движење во Република Северна Македонија.
Проектот на УСАИД за факторинг, со буџет од $700,000, е нова, тригодишна активност насочена кон забрзување на развојот на малите и средни претпријатија (МСП) преку поголемо користење на финансиската услуга за факторинг. Тоа е финансиска трансакција во која еден бизнис продава побарувања со кредитна вредност (обично тоа е фактура), на фирма што врши финансиски услуги, со попуст кој генерално е еднаков на интересот плус трошоците за услугата.
Проектот за развој на деловниот екосистем, започнат во 2017 година, активно работи на зголемување на продуктивноста, приходите и работните места во микро, малите и средните претпријатија (ММСП) преку градење на самоодржлив деловен екосистем. Проектот соработува со бизнис асоцијации, стопански комори, финансиски институции, тренинг центри и компании за да ги подобри услугите достапни на ММСП за пристап до нови пазари, ангажирање квалификувана работна сила, пристап до релевантни информации и обезбедување соодветна документација.
Проектот на УСАИД за граѓанско учество е петгодишна иницијатива, со буџет од 9.4 милиони долари, и претставува водечка програма на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија за зајакнување на дијалогот помеѓу граѓаните и власта во однос на значајни прашања од јавен интерес.
Петгодишниот проект „Со читање до лидерство” со вкупен буџет од 1,7 милиони долари е една од главната активности на Мисијата на УСАИД во Македонија во секторот за образование и е дел од сеопфатната цел на УСАИД за помагање на зајакнување на граѓанското општество, медиумите, политичките процеси и етничката интеграција во Македонија. Овој проект го имплементира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ -Македонија.
Comment
Make a general inquiry or suggest an improvement.