Macedonian flag

РЕДАКЦИЈА

Јазик : English | Macedonian

Speeches Shim

Вршителот на должност амбасадор на САД во Македонија, Микаела Швајцер-Блум со наградените граѓани-новинари и екипата на "Топ тема на ваша страна"
19-12-2018

Денес, 19 декември 2018 година, Телевизија Телма и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го одбележаа завршувањето на Проектот на УСАИД „Топ тема на ваша страна“. Телма ТВ и МЦМС на овој настан ги објавија и победниците на четвртиот и последен конкурс за граѓанско новинарство на проектот. Вршителот на должност амбасадор на САД во Македонија, Микаела Швајцер-Блум и главниот уредник на Телма ТВ Атанас Кировски се обратија на присутните и доделија признанија на десетте добитници на награди од четвртиот конкурс за граѓанско новинарство.

Амбасадорот на САД Џес Бејли на конференцијата за антикорупција
12-12-2018

За да го одбележи меѓународниот ден за борба против корупција, денес Платформата на граѓански организации за борба против корупција, со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество организираше конференција на тема: „Итни реформски приоритети: Зајакнување на институционалната рамка во борбата против корупцијата. Има ли напредок?“ во хотел Александар Палас во Скопје.

11-12-2018

Започнат во октомври 2017, проектот за поддршка на претприемничкото образование во Европа и Евроазија, спроведуван од страна на Џуниор Ачивмент Европа, има за цел е да ги инспирира и подготви младите луѓе да успеат во глобалната економија, преку развивање и спроведување на програми за претприемничко образование, финансиска писменост и креирање нови работни места. Проектот соработува со средношколци, студенти, наставници, родители и други  организации, бизнис секторот, финансиски институци и водечки фирми кои сакаат да го поддржат претприемничкото образование во Северна Македонија.

Др. Билјана Костовска прави очен преглед со мобилната опрема
28-11-2018

"Многу сум среќна што сум дел од оваа благородна мисија со моите колеги. Секогаш е забавно да се работи со деца, но да се биде во можност да им се помогне е многу добро чувство"

Ноември 2018 година - По осумчасовен работен ден на Клиниката за офталмологија во Систина во главниот град Скопје, д-р Билјана Костовска, волонтерски спроведува очни прегледи, како член на еден Лајонс клуб. Таа е една од најпознатите офталмолози во Македонија и лидер на 15 лекари кои волонтираат во спроведувањето бесплатни очни прегледи за деца меѓу 3-8 години.

03-10-2018

The purpose of this Amendment No. 1 to provide answers to questions received.

Pages